Макариј Велики е христијански светец.

Макариј Велики
Икона од Макариј Велики
Роден(а) 300, Египет
Починал(а) 391, Египет
Почитуван(а) во Римокатоличка црква
Православие
Древноисточни цркви
Главно светилиште Манаст��р Свети Макариј Велики
Слава 15 јануари (западна)
19 јануари (Православие)
27 Парамат (= 4 април) (Древноисточни цркви)

Макариј е еден од помладите современици на Свети Антониј Велики. Татко му бил свештеник. Од послушност кон родителите, тој се оженил, но наскоро му починала жената и тој се оддалечил во пустината, каде што поминал цели 60 години. Според христијанските извори, кога го прашувале зошто e толку сув и кога јаде, тој одговорил: “Од стравот Божји”. Неговото смирение ги зачудувало и луѓето и демоните. Еднаш демонот му рекол: “Има само едно во што јас не можам да те надвладеам; тоа не e постот, бидејќи јас никогаш ништо не јадам; тоа не e бдението бидејќи јас никогаш и не спијам”. “Туку што e тоа” - запрашал Макариј. “Твоето смирение” - одговорил демонот. На својот ученик Пафнутиј честопати Макариј му говорел: “Не осудувај никого и ќе бидеш спасен[1].

Православната црква неговиот ден го чествува на 19 јануари.

Наводи

уреди
  1. „Охридски пролог“ стр. 21