Ректасцензија
Ректасцензија или десно искачување — една од координатите со помош на која се дефинира положбата на некој објект на небото во екваторскиот координатен систем. Ректасцензијата (RA) е еквивалентна на географската должина на Земјата, се мери во часови, минути и секунди (0-24 ч).
![](http://178.128.105.246/cars-http-upload.wikimedia.org/wikipedia/commons/thumb/1/15/Equatorial_coordinates_mk.svg/250px-Equatorial_coordinates_mk.svg.png)
Положбата се мери источно од пролетната точка која е едно од двете пресечни точки на небесниот екватор и еклиптиката. 1 ч одговара на 15°.