Ы
Ы или јери (кирилица: ; глаголица: ) — буква од кирилицата. Ја претставува фонемата /i/ по непалатализирани (тврди) согласки во белоруската, русинската и руската азбука. Заради фонолошкиот процес, фактичката реализација на /i/ по тврди согласки се вовлекува кон затворена централна незаоблена согласка (МФА: [ɨ]).
Кирилична буква Ы | |||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Кирилица | |||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Словенски букви | |||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
| |||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Несловенски букви | |||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
| |||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Словенски букви вон употреба | |||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
| |||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Како и многу кирилични букви, првобитно ова било лигатура помеѓу јер ъ и I (тогашно і, без точка или со две точки) или Иже (тогашно и, сегашно н). Во старите ракописи, оваа буква секогаш ја среќаваме как�� ъі или ън. Денешната форма еволуирала по губењето вредноста на ъ и ь како самогласки од старословенскиот јазик.
Оваа буква обично се романизира како y, додека во македонскиот се транскрибира како „и“.
Постојат неколку лични и општи именки (меѓу кои и некои географски поими во Русија) кои започнуваат со оваа буква: Итик-Кјујол (Ытык-Кюёль), Игиата (Ыгыатта), село и река Јакутија, и Илчи Мундок (Ыльчи Мундок), корејски војсководец.
Буквата ы повеќе не постои во украинската азбука, но постои сличен звук, кого го претставува буквата И.
Оваа статија за писмо е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |