Прејди на содржината

Лиљана Дирјан: Разлика помеѓу преработките

Од Википедија — слободната енциклопедија
[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
→‎Наводи: дополнување
Ред 25: Ред 25:
==Значење и влијание==
==Значење и влијание==
* „Стивнато оро“ — краток расказ на македонската писателка [[Оливера Ќорвезироска]] од 2021 година.<ref>Оливера Ќорвезироска, ''Престапни години (прозен календар)''. Скопје: Бегемот, 2021, стр. 396-397.</ref>
* „Стивнато оро“ — краток расказ на македонската писателка [[Оливера Ќорвезироска]] од 2021 година.<ref>Оливера Ќорвезироска, ''Престапни години (прозен календар)''. Скопје: Бегемот, 2021, стр. 396-397.</ref>
* „Ако некогаш напишам песна“ — краток расказ на Оливера Ќорвезироска од 2021 година.<ref>Оливера Ќорвезироска, ''Престапни години (прозен календар)''. Скопје: Бегемот, 2021, стр. 432.</ref>


== Наводи ==
== Наводи ==

Преработка од 10:27, 20 јуни 2024

Лилјана Дирјан (Скопје, 1953 - Скопје, 13 декември 2017) — македонска писателка[1] и новинар.

Животопис

Дирјан е родена во 1953 година во Скопје. Дипломирала на Филолошкиот факултет при УКИМ во Скопје. Била на студиски престој во Париз, како стипендист на Француската влада и Фондацијата Губелкијан.

Дирјан била главна уредничка на списанието „Жена“ и на регионалното книжевно списание „Сараевски тетратки“. Таа е една од основачите на Друштвото на независни писатели на Македонија.[2]

Таа му била сопруга на македонскиот поет, есеист, драмски писател, раскажувач и преведувач Богомил Ѓузел.

Починала во Скопје на 13 декември 2017 година.[3]

Библиографија

Дирјан е авторка на следниве дела:

  • Природна појава (Мисла 1980),
  • Жива мера (Наша книга, 1985),
  • Пелин поле (Мисла 1989), "Champ d'abisinthe", (на француски јазик), 1996, кај издавачот Est/Quest Internationales, Париз и
  • Тешка свила (Матица Македонска 1997).
  • Приватни светови (македонски претставник за меѓународната книжевна награда „Балканика“ за 2008 година[4])
  • Саѓе врз снегот (2007)

Три нејзини кратки раскази се застапени во антологијата на македонскиот краток расказ, „Џинџуџе во земјата на афионите“ (Темплум, 2022).[5]

Добитник е на наградите „Студентски збор“ (1980) и „Браќа Миладиновци“ (1985).[6] Нејзините дела се преведени на повеќе јазици и застапена е во бројни антологии на македонската современа поезија.

Значење и влијание

  • „Стивнато оро“ — краток расказ на македонската писателка Оливера Ќорвезироска од 2021 година.[7]
  • „Ако некогаш напишам песна“ — краток расказ на Оливера Ќорвезироска од 2021 година.[8]

Наводи

  1. Republička zaednica na kulturata (1982). Sovremenost: literatura, umetnost, opštestveni prašanja (32. изд.). Kn-vo "Kočo Racin".
  2. Никола Гелевски и Владимир Мартиновски (приредувачи), Џинџуџе во земјата на афионите: антологија на македонскиот краток расказ. Скопје: Темплум, 2022, стр. 358.
  3. Почина македонската поетеса и новинарка Лилјана Дирјан. Архивирано од изворникот на 2017-12-13. Посетено на 2017-12-13.
  4. Иванова, Тина (24 јули 2008). „Лилјана Дирјан - македонски конкурент за наградата „Балканика". Утрински Весник. Посетено на 2011-04-11.
  5. Никола Гелевски и Владимир Мартиновски (приредувачи), Џинџуџе во земјата на афионите: антологија на македонскиот краток расказ. Скопје: Темплум, 2022, стр. 119-122.
  6. Македонски писатели, Друштво на писатели на Македонија, Скопје, 2004, стр. 74.
  7. Оливера Ќорвезироска, Престапни години (прозен календар). Скопје: Бегемот, 2021, стр. 396-397.
  8. Оливера Ќорвезироска, Престапни години (прозен календар). Скопје: Бегемот, 2021, стр. 432.