Прејди на содржината

Ноноути

Координати: 0°37′S 174°22′E / 0.617° ЈГШ; 174.367° ИГД / -0.617; 174.367
Од Википедија — слободната енциклопедија
Преработка од 19:43, 4 октомври 2022; направена од InternetArchiveBot (разговор | придонеси) (Rescuing 1 sources and tagging 0 as dead.) #IABot (v2.0.9.2)
(разл) ← Претходна преработка | Последна преработка (разл) | Следна преработка → (разл)
Nonouti Atoll
Карта на Гилбертовите Острови.

Ноноути (кирибатски: Nonouti) е атол во Кирибатите, кој воедно е еден од окрузите на државата. Атолот е дел од островската група Гилбертови Острови и се наоѓа 38 километри северно од Табитеуеја и 250 километри јужно од Тарава. Источниот дел од атолот е составен од стабилно земјиште. Во северниот дел од атолот има мало островче кое се вика Ноуматонг. Ноуматонг е ненаселено и е зачувано како птичјо прибежиште. Атолот е трет по големина во Гилбертовите Острови. Атолот е долг 35 километри и широк 15 километри.

Владините локални претставници се сместени во селото Матанг. Една од позначајните личности од островот е поранешниот претседател на Кирибати, Јеремија Табај. На атолот има основни училишта, едно средно училипте и приватен колеџ. Името на атолот значи „разбуди се рано за по риболов“.

0°37′S 174°22′E / 0.617° ЈГШ; 174.367° ИГД / -0.617; 174.367

Поврзано

[уреди | уреди извор]