Прејди на содржината

Alea iacta est

Од Википедија — слободната енциклопедија
Преработка од 05:06, 3 февруари 2023; направена од Bjankuloski06 (разговор | придонеси) (Отстранети празнини, replaced: пр. н. е. → п.н.е.)
(разл) ← Претходна преработка | Последна преработка (разл) | Следна преработка → (разл)
Гај Јулиј Цезар

Alea iacta est лат. (изговор: алеа јакта ест). Коцката е фрлена. (Гај Јулиј Цезар) [1]

Друга верзија на изразот

[уреди | уреди извор]

По некои автори Цезар рекол аlea iacta estо лат. (изговор: алеа јакта есто). Нека падне коцката.[1]

Потекло на изразот

[уреди | уреди извор]

„Коцката е фрлена“ рекол на 10 јануари 49 п.н.е. римскиот војсководец, политичар и писател Гај Јулиј Цезар, кога одлучил, и покрај забраната од Сенатот, а по цена на граѓанска војна, со своите легии, да ја премине реката Рубикон.[1]

Толкување

[уреди | уреди извор]

Изразот се кажува, кога е донесена одлука од деликатна важност.[1]

  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 Клајн И. и Шипка М, Велики речник страних речи и израза, Промете��, Нови Сад, 2008.г.