Прејди на содржината

Епископско Кнежевство Ајхштет

Од Википедија — слободната енциклопедија
(разл) ← Претходна преработка | Последна преработка (разл) | Следна преработка → (разл)
Епископско Кнежевство Ајхштет
Hochstift Eichstätt
1305–1802
Coat of arms of Ајхштет
Coat of arms
Епископското Кнежевство Ајхштет, Јохан Хоман, околу 1717 г.
Епископското Кнежевство Ајхштет, Јохан Хоман, околу 1717 г.
Статусвазален
Главен градАјхштет
Говорени јазицисреднобаварски дијалект
УредувањеЕпископско кнежевство
Историски периодсреден век
• основање на епископијата
741
• епископско кнежевство
1305
• се приклучило кон
Франконскиот округ
1500
• се приклучило кон
Католичката лига
1617
• медијатизирано кон Баварија
1802
Претходници
Наследници
Војводство Баварија
Изборно Кнежевство Баварија

Изборно Кнежевство Ајхштет или Епископија Ајхштет — мало верско кнежевство на Светото Римско Царство. Со седиште во градот Ајхштет, се наоѓало во денешната сојуз��а покраина Баварија, западно од Регенсбург, северно од Нојбург на Дунав и Инголштат, јужно од Нирнберг и југоисточно од Ансбах.

Географија[уреди | уреди извор]

Географски, територијата на епископското кнежевство била многу распрскана и до 1789 година, се состоела од еден главен дел на исток, кој се граничел со Баварија на север, исток и на југ, и со Папенхајм и Бранденбург-Ансбах на запад. Остатокот од кнежевството било сместено на запад и се состоело од неколку делови со различни големини главно сместени во рамките на Бранденбург-Ансбах. Вкупната површина изнесувала 1.100 км², со население од 58.000 (во 1855 г.).

Историја[уреди | уреди извор]

Епископијата Ајхштет била основана во 741 година, кога англосаксонскиот мисионер Вилибалд бил хиротонисан за епископ од Свети Бонифациј и влегол во црквата во Ајхштет во германското племенско војводство Баварија. Неговите наследници го достигнале статусот на епископски кнез, кога ги наследиле франконските територии на нивните поранешни кнезови од исчезната династија Хиршберг (замокот Хиршберг во денешниот град Бајлнгрис). Како реакција на реформацијата, Ајхштет се приклучил на Католичката лига во 1617 година. Поседите на епископијата биле средиште на контрареформацијата и место на бројни судења на вештерки.

Со медијатизацијата во 1802 година, епископијата била секуларизирана и во 1803 година, заедно со Архиепикоспијата Салцбург, била доделена како компензација на надвојводата Фердинанд, брат на царот Франц II и поранешен голем војвода на Тоскана. Три години подоцна, по австрискиот пораз од Наполеон, областа била доделена на Кралството Баварија според Пресбуршкиот мир. Од 1817 до 1855 година, кнежевството било водено како феуд на Баварија во корист на посинокот на Наполеон, Ежен де Боарне.

Галерија[уреди | уреди извор]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

  • Ајхштет во Meyers Konversationslexikon, 1888 ((германски))
  • „Ајхштет“. Католичка енциклопедија. Посетено на 18 февруари 2007.