Прејди на содржината

Сперма

Од Википедија — слободната енциклопедија

Сперма (грчки: σπέρμα, што значи "семе") — поим кој се однесува на машките полови клетки. Во типологијата на сексуалната репродукција, со поимите анисогамија (anisogamy) и оогамија (oogamy) е означена разликата во големината на гаметите, при што помалата се нарекува "машка" или сперматозоидна клетка.

Човечка сперма[уреди | уреди извор]

Човечката сперматозоидна клетка е т.н. хаплоид (haploid), при што нејзините 23 хромозоми можат да се придружат на 23-те хромозоми на женската јајце-клетка и да формираат т.н. диплоид (diploid) клетка.

Сперматозоидните клетки не можат да се делат и имаат ограничен животен век, но по соединувањето со јајце-клетките, за време на оплодувањето, се создава зигот кој има потенцијал да се развие во нов организам.

Во последните неколку години научниците во светот ја истражуваат ��ожноста за добивање сперматозоиди од ембрионалните матични клетки.[1]

Сперма кај животните[уреди | уреди извор]

Сперматозоидите кај животните се произведени преку сперматогенеза во внатрешноста на машките гонади (тестиси) преку мејозна делба. Сперматозоидните клетки на цицачите можат да живеат до 3 дена внатре во женскиот репродуктивен систем.

Сперма кај растителни видови[уреди | уреди извор]

Сперматозоидните клетки во алгите и кај многу растителни гаметофити се произведуваат во машките гаметангии - антеридии (antheridia) преку митозна делба. Кај цветните растенија, сперматозоидните јадра се наоѓаат во поленот.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

Извори[уреди | уреди извор]

  1. „Сперматозоиди од матични клетки“. Архивирано од изворникот на 2010-02-21. Посетено на 2009-11-15.