Од Википедија — слободната енциклопедија
Американски Девствени Острови првпат се натпреварувале на Олимписките игри во 1968 година, и оттогаш имаат сиспратено спортисти да се натпреваруваат на сите последователни Летни олимписки игри со исклучок на оние во 1980 година, кога се придружиле на бојкотот на игрите во Москава. Имаат учествувано и на седум Зимски олимписки игри запшочнувајќи од 1988 година, пропуштајќи ги игрите во 2010 година. Единствениот освоен медал од Девствените острови е сребрениот медал на Питер Холмберг во едрење на игрите во 1988 година.
Националниот олимписки комитет бил создаден во 1967 година и признаен од страна на МОК истата година.
Спорт
|
Златни
|
Сребрени
|
Бронзени
|
Вкупно
|
Едрење |
0 |
1 |
0 |
1
|
Вкупно |
0 |
1 |
0 |
1
|