Низ историјата на Првата лига, бројот на клубови претежно бил намалуван. Подолу е список на број на клубови низ сите сезони;
18 екипи = 1992–1993
16 екипи = 1993–1995
15 екипи = 1995–1996
14 екипи = 1996–2001
12 екипи = 2001–2014 (во сезоната 2008/09 имало 11 екипи поради повлекувањето на Башкими)
10 екипи = 2014–2020
12 екипи = 2020–2021 (во сезоната 2022/23 имало 11 екипи поради повлекувањето на Ренова)
Лигата брои дванаесет клуба, кои играат по три меѓусебни натпревари во текот на 33 кола.[1]
Според УЕФА коефициентите за ранкинг (подолу покажано); Победникот на лигата влегува во Квалификациските рунди на Лигата на Шампиони, додека втората и третата пласирана екипа влегуваат во Квалификациските рунди на Лига Европа заедно со освојувачот на Купот на Мак��донија. На крајот на сезоната, последните две екипи отпаѓаат во Втората лига, додека осмата пласирана екипа игра бараж за опстанок со подобриот од бараж двобојот на второпласираните екипи од Втората лига - Исток и Запад.
1. a : Поради ширењето на заразата COVID-19 од вирусот SARS-CoV-2, Фудбалската федерација на Македонија на 12 март 2020 (после 23 одиграни кола) одлучила, поради безбедноста на фудбалските работници, привремено да ја суспендира Првата лига и останатите натпреварувања организирани од Федерацијата.[18] На 4 јуни за време на вонредна седница на Управниот одбор на ФФМ, било одлучено целосно да се прекине првенството без прогласување на првак.[19][20] На 26 јуни, Управниот одбор донел одлука Вардар да биде прогласен за првак,[21][22]
2. а : Вардар и денешниот Вардар А.Д. правно не се истиот клуб. Вардар А.Д. е клуб создаден во 1951 година под името Миравци, име кое било сменето во Вардар 1947 пред почетокот на сезоната 2011/2012. А потоа во средината на истата сезона, името било сменето во Вардар А.Д и оттогаш бил нарекуван едноставно Вардар. Првичниот Вардар моментално се натпреварува во понизок ранг под името Кожуф Гевгелија.
3. а : Согласно новинарот Иван Димовски, фудбалерот на 1 мај 2024 година остварил бројка од 200 голови.[23] Меѓутоа, постои спротивност во бројките прикажани англиската Википедија, наведувајќи 187 голови (согласно 1 мај 2024 година.)
↑„Струга ТЛ може да жали: Ибраими ја спаси Шкендија...“. sportmedia.mk преку web.archive.org. 29 ноември 2020. Архивирано од изворникот на 2020-11-29. Посетено на 29 ноември 2020.CS1-одржување: бот: непознат статус на изворната URL (link)