Прејди на содржината

Тој

Од Википедија — слободната енциклопедија
Примери
Тој беше го искршил прозорот.
Тој што ќе игра на натпреварот ќе добие бесплатна маица.

Тој е лична заменка за трето лице еднина од машки род во македонскиот јазик. Оваа лична заменка се користи да се означи или посочи некоја именка од машки род[1], која и не мора да е присутна во моментот на зборување.

Лични заменки

[уреди | уреди извор]

Личната заменка „тој“ се користи како подмет во реченицата, односно да се означи лицето кое го врши дејството и лицето за кого се однесува нешто. Останатите форми за трето лице машки род може да се видат во следнава табела, која патем ги наведува сите заменки во македонскиот јазик:

Лични заменки
број лице подмет присвојна заменка
и придавка
директен предмет индиректен предмет
без предлози со предлози
долга кратка долга кратка

присвојна

еднина I јас мој/ моја/ мое/ мои мене ме мене ми мене
II ти твој/ твоја/ твое/ твои тебе те тебе ти тебе
III м.р. тој негов/ негова/ негово/ негови него го нему му него
ж.р. таа нејзин/ нејзина/ нејзино/ нејзини неа ја нејзе ѝ неа
с.р. тоа негов/ негова/ негово/ негови него го нему му него
множина I ние наш/ наша/ наше/ наши нас нè нам ни нас
II вие ваш/ ваша/ ваше/ ваши вас ве вам ви вас
III тие нивен/ нивна/ нивно/ нивни нив ги ним им нив


Старословенската форма еквивалентна на македонската „тој“ е ''. Така, оваа македонска лична заменка не е слична со останатите заменки за трето лице на останатите словенски јазици, како: on на полски, словачки, чешки, словенечки, српски, хрватски, босански и црногорски, той на бугарски, wón на лужичкосрпски, он на руски, ён на белоруски и він на украински.[2]

Освен на македонски и бугарски, во сите останати словенски јазици заменката директно потекнува од старословенската форма. Македонската заменка „тој“ настанала со потсилување на старите едносложни заменски ��орфеми со партикули, сè со цел да се закрепи нивната изразеност. Заменката „тој“ потекнува од старословенската показна '', но проширена со дополнителни гласови за позацврстена изразеност.[3]

Употреба

[уреди | уреди извор]

Во македонскиот јазик оваа заменка се користи за означување или посочување на именка од машки род. Во некои дијалекти се користи и старословенската форма он.

Поврзано

[уреди | уреди извор]
  1. Речник на македонскиот јазик: тој на makedonski.gov.mk
  2. Лични заменки во словенските јазици, на англиски.
  3. Конески, Блаже (1967), Историја на македонскиот јазик, Скопје, стр. 144