Од Википедија — слободната енциклопедија
Безвучна преднонепчена странична слеана согласка |
---|
c͡ʎ̝̥ |
---|
c͜ |
---|
|
Безвучната преднонепчена странична слеана согласка е вид на ретка согласка што се јавува во некои јазици. Меѓународната фонетска азбука (МФА) ја бележи со симболот ⟨c͡ʎ̥˔⟩ или ⟨c͡ ⟩.
Безвучната преднонепчена странична слеана согласка ги има следниве особености:
- Начинот на творба е слеан, што значи дека воздушниот тек најпрвин целосно се запира, а потоа се спроведува по стеснет провод на местото на творба, создавајќи бурно струење.
- Местото на творба е преднонепчено, што значи дека се создава со средниот или задниот дел на јазикот кога е повишен до предното (тврдо) непце.
- Фонацијата е безвучна, што значи дека се создава без треперење на гласните жици.
- Ова е устена согласка, што значи дека воздухот излегува само низ устата.
- Согласката е странична, што значи дека се добива со насочување на воздушниот тек по страните на јазикот, наместо по средината.
- Воздушниот механизам е белодробно издишен, што значи дека се создава со истиснување на воздух единствено низ белите дробови и дијафрагмата, што важи за највеќето гласови.
Гласот се јавува во јазикот хаѕа (во Танзанија) и, како преднонепчена странична исфрлена слеана согласка, во јазикот дахало (во Кенија).
Табелава содржи фонетски симболи што може да не се прикажат правилно кај некои прелистувачи. [Помош]
|
Онаму кајшто симболите се дадени во парови, „лев—десен“ претставува „безвучна—звучна“ согласка.
|
Исенчените полиња претставуваат неизводливи гласовни творби.
|
* Симболот го нема во МФА.
|