Едро
Изглед
![](http://178.128.105.246/cars-http-upload.wikimedia.org/wikipedia/commons/thumb/2/26/Latin_Sail.png/220px-Latin_Sail.png)
Едро[1][2] — платно распнато на бродскиот јарбол, кое кога е изложено на ветер создава потисок и служи како погон, т.е. ја користи енергијата на ветерот за движење на бродот (чамец, други пловни објекти).
Секое едро има свое име според положбата, обликот и целта. Едрата обично се делат на попречни, распнати попреку на крстови и надолжни, распнати по должината на бродот.
Бродовите што користат едра како единствен или главен погон се нарекуваат едреници.