Прејди на содржината

Зул

Координати: 50°36′38″N 10°41′35″E / 50.61056° СГШ; 10.69306° ИГД / 50.61056; 10.69306
Од Википедија — слободната енциклопедија
Зул
Градско собрание
Градско собрание
Градско собрание
Грб на Зул
Зул во рамките на Германија
Зул
Управа
Земја Германија
Покраина Тирингија
Округ Урбан округ
Градски единици Градот и 4 окрузи
Градоначалник Јенс Трибел (независен)
Основни податоци
Површина 102,70 км2
Надм. височина 429−676 м
Население 36.395 (31 декември 2020)[1]
 - Густина 354 жит/км2
Други информации
Часовен појас CET/CEST (UTC+1/+2)
Рег. табл. SHL
Пошт. бр. 98501–98530
Повик. бр. 03681
Портал www.stadtsuhl.de
Местоположба на градот Зул во Тирингија
Местоположба на градот Зул во Тирингија
Местоположба на градот Зул во Тирингија
Координати 50°36′38″N 10°41′35″E / 50.61056° СГШ; 10.69306° ИГД / 50.61056; 10.69306

Зул (германски: Suhl) — град во Тирингија, Германија.

Историја

[уреди | уреди извор]

Првпат се споменал во 1318, додека грбот на градот од 1365 покажува два чекани, означувајќи ја најважната економска дејност на градот: обработка на металот. Правата на град ги добил во 1527.

Зул бил главен град на југозападниот округ во ГДР „Округ Зул“ од 1952 до 1990.

Индустрија за оружје

[уреди | уреди извор]

Поттикнато од обработката на металите, во текот на ренесансата, како и другите локални индустрии, се појавиле и пушкарници и оружарници. Зул бил главен производител на топови во текот на 17 век, како и понатамошните векови и топовите од Зул биле користени од многу европски сили. Голема компанија за оружје, сместена во Зул, скоро 200 години била Sauer & Sohn, производител на пушки за ловење, сачмарки и пиштоли, како Sauer 38H, додека не се преместила во Екернферде на крајот на Втората светска војна. Други познати производители на оружје во Зул се Simson (исто така позната како BSW и потоа Gustloff Werke за време на нацистичка Германија и Ernst Thälmann Suhl за време на комунизмот) и C.G. Haenel. Моментално, најголем производител на оружје во Зул се Merkel GmbH, кој прави пушки и сачмарки.

За време на Студената војна, националната арена на Источна Германија за стрелаштво се наоѓала во Зул и била домаќин на многу натпреварувања од висок ранг, вклучувајќи го Светското првенство во 1986. Иако била надмината од олимпискиот центар за стре��аштво во Минхен, Зул останал важно места во спортот. Во него се наоѓа единствената школа за стрелци и добро опремен музеј за оружје.

Меѓународни односи

[уреди | уреди извор]

Зул е збратимен со:

  1. „Население по општини, надлежни општини и општински заедници во Тирингија“. Статистичка служба на Тирингија. јуни 2021. (германски)