Прејди на содржината

Константин (филм)

Од Википедија — слободната енциклопедија

Константин (англиски: Constantine) — американско-германски филм од 2005 година, во режија на Френсис Лоренс. Главните улоги ги толкуваат: Кијану Ривс, Рејчел Вајз и Тилда Свинтон.

Содржина[уреди | уреди извор]

Џон Константин (го игра Ривс) го поминал патот до пеколот и назад. Тој е роден со посебна дарба да распознава полуангели и демони кои живеат на Земјата во човечки облик. Како млад, тој извршил самоубиство и знае дека по смртта ќе оди во пеколот. Воскреснат против својата волја, Константин е вратен во светот на живите и скита низ Земјата, надевајќи се дека поради своите добри дела ќе оди во рајот. Нему му приоѓа детек��ивот Ангела Додсон (ја игра Вајз) која бара помош од него за да докаже дека смртта на нејзината сестра-близначка не било самоубиство. Истражувајќи ја нејзината смрт, тој дознава дека демоните сакаат да навлезат во човечкиот свет и во борбата против нив, тој директно се соочува со Сатаната.[1] [2]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Антена, број 868, 13.2.2015, стр. 21.
  2. Антена, број 869, 20.2.2015, стр, 16.