Марк Јулијано
Марк Јулијано | |||
---|---|---|---|
Лични податоци | |||
Роден на | 12 август 1973 | ||
Роден во | Козенца, Италија | ||
Држава |
![]() | ||
Висина | м | 1,91||
Играчки податоци | |||
Позиција | централен одбранбен играч | ||
Сегашен клуб |
![]() | ||
Повлекување | 18 март 2012 (како играч) | ||
Кариера* | |||
Години | Клуб | Наст.† | (Гол.)† |
1990–1996 |
![]() | 83 | (1) |
1992-1993 |
→![]() | 24 | (1) |
1993–1994 |
→![]() | 16 | (0) |
1996-2004 |
![]() | 187 | (7) |
2005 |
![]() | 29 | (4) |
2006 |
![]() | 4 | (0) |
2006-2007 |
![]() | 21 | (0) |
2008 |
![]() | 10 | (2) |
Репрезентација ‡ | |||
1998-2003 |
![]() | 19 | (1) |
Раководител на екипите | |||
2012–2014 |
![]() | ||
2014–2015 |
![]() | ||
2015– |
![]() | ||
† Учества (Голови). |
Марк Јулијано (роден на 12 август 1973 година во Козенца) — поранешен италијански фудбалер кој играше како одбранбен играч, а најголемиот дел од својата кариера ја помина во италијанскиот гигант, Јувентус, во италијанската Серија А.
Клупска кариера[уреди | уреди извор]
Јулијано ја започнал својата професионална кариера 1990 година во Салернитана и бил пратен на едногодишна позајмица во Болоња и Монца. Со враќањето во матичниот клуб, Јулијано станал стандарден играч. Како награда за неговите одлични игри во клубот, тој бил купен од страна на торинскиот гигант Јувентус.
Јулијано дебитирал за новиот клуб на 15 септември 1996 во натпревар од Серија А против Каљари кој Јуве го добил со резултат 2-1. Јулиано играл за клубот речиси една деценија, а за време на тој период Јувентус доминирал во Серија А и во Лигата на шампионите.
Во летото 2005 Јулијано како слободен играч прешол во редовите на Мајорка, но по само една сезона се вратил во Италија каде шест месеци настапувал за Сампдорија. По разочарувачката авантура во клубот од Џенова, Марк во летото 2006 потпишал за сицилијанската Месина со која за жал испаднал од Серија А. Пред да се повлече од професионалното играње фудбал, Јулиано настапувал уште за Равена.
Репрезентативна кариера[уреди | уреди извор]
Јулијано дебитирал за Италија на 5 септември 1998 против Велс. Со националната селекција настапил на Евро 2000 на кое Аѕурите биле вицепрваци како и на Светското првенство 2002. Последниот натпревар во дресот на Италија го одиграл на 21 август 2002 во натпреварот против Словенија.
Титули[уреди | уреди извор]
Јувентус[уреди | уреди извор]
Серија А (4): 1996-1997, 1997-1998, 2001-2002, 2002-2003
Суперкуп на Италија (3): 1997, 2002, 2003
Суперкуп на Европа (1): 1996
- Интерконтинентален куп (1): 1996
Интертото куп (1): 1999
Надворешни врски[уреди | уреди извор]
- Short bios at 2002 FIFA world Cup site[мртва врска]
- (италијански) National team stats. Архивирано на 24 септември 2015 г.
- Марк Јулијано – Профил на службената страница на ФИФА