Прејди на содржината

Српска кирилична азбука

Од Википедија — слободната енциклопедија

Српската азбука е азбука за пишување на српскиот јазик, и ја наоѓаме во две варијанти: кирилична (т.н. „Вуковица“) и латинична (тн. „Гаица“). Адаптацијата на кирилицата посебно за српскиот јазик била направена во 1818 од српскиот јазичар Вук Караџиќ. Азбуката била официјал��о признаена за државна дури во 1868. Латиничната азбука пак, е заснована на гаицата.

Караџиќ ја засновал неговата азбука на кирилицата, на едноставниот принцип „Пишуваj како што зборуваш и читај како што е напишано“ (срп. Пиши као што говориш и читај како је написано). Српската латиница е иста со хрватската азбука, во главно дело на Људевит Гај. Двете азбуки се користат наизменично.

Кирилицата е потрадиционална, и ужива официјален статус во Србија и Република Српска (БиХ), иако латиницата зела голем замав низ XX век. Српската латиница почесто се користи во Црна Гора. Српскиот јазик и кирилицата исто така имаат официјален и рамноправен статус во Босна и Херцегови��а (на федеративно ниво), во Брчко дистрикт и во Федерацијата Босна и Херцеговина.

Заедно со делата на Крсте Мисирков и Венко Марковски, српската азбука била искористена како основа на македонската азбука .

Азбука[уреди | уреди извор]

На оваа таблица се прикаани големите и мали печатни кирилични српски букви, заедно со нивните латински и македонски еквиваленти:

Кирилица
Латиница
Македонски еквив.
А а
A a
А а
Б б
B b
Б б
В в
V v
В в
Г г
G g
Г г
Д д
D d
Д д
Ђ ђ
Đ đ
Ѓ ѓ
Е е
E e
E e
Ж ж
Ž ž
Ж ж
З з
Z z
З з
И и
I i
И и
Кирилица
Латиница
Македонски еквив.
Ј ј
J j
Ј ј
К к
K k
К к
Л л
L l
Л л
Љ љ
Lj lj
Љ љ
М м
M m
М м
Н н
N n
Н н
Њ њ
Nj nj
Њ њ
О о
O o
О о
П п
P p
П п
Р р
R r
Р р
Кирилица
Латиница
Македонски еквив.
С с
S s
С с
Т т
T t
Т т
Ћ ћ
Ć ć
Ќ ќ
У у
U u
У у
Ф ф
F f
Ф ф
Х х
H h
Х х
Ц ц
C c
Ц ц
Ч ч
Č č
Ч ч
Џ џ
Dž dž
Џ џ
Ш ш
Š š
Ш ш

Подолу е прикажана српската ракописна кирилица:

… и еден добар пример на модерната српска кирилица.

Уникатни букви[уреди | уреди извор]

Српски речник од Вук Караџиќ, испечатен 1818

Лигатурите Љ и Њ, заедно со Џ, Ђ и Ћ биле специјално измислени за српската азбука.

  • Караџиќ ги засновал буквите Љ и Њ на идејата на Сава Мркаљ, комбинирајќи ги буквите Л и Н со мек знак (Ь).
  • Караџиќ го засновал Џ на буква од романската кирилица.
  • Ћ го претставувала звукот ʨ (по МФА). Буквата била заснована на, и прифатена од, буквата Ѓерв, глаголска буква од XII век. Ова буква се користела во пишаниот српски од XII век, и ги означувала г', д' и африкативните звуци дж'.
  • Караџиќ ја прифатил идејата на Лукијан Мушицки за буквата Ђ. Била заснована на буквата Ћ, според адаптацијата на Караџиќ.
  • Ј била преземена од латиницата.

Љ, Њ и Џ подоцна биле преземени во македонската азбука.

Наводи[уреди | уреди извор]