1900 во филмот
Изглед
Години во филмот |
---|
Поврзани теми од периодот |
Ова е преглед на настаните од 1900 година во филмот, вклучувајќи список на филмови и значајни луѓе кои биле родени или кои починале оваа година.
Настани
[уреди | уреди извор]- Ролос, Годо & Ко. го изумиле мирографот, аматерски формат од 21 mm.
- Премиера на Лимиерскиот широк формат од Браќата Лимиер на Светскиот саем од 1900 година. Тој бил 75 mm широк и го одржал рекордот за повеќе од 100 години како најширокиот формат кој постоел.
- Раул Гримон-Сансон исто така на Светскиот Саем од 1900 го дебитира неговиот мултипроектор Кругорама, кој користел десет проектори од 70 mm за да создаде симулирано летање во балон над Париз. Изложбата била затворена дури пред формално да се отвори поради легитимната загриженост за безбедноста и здравјето поради комбинирана топлината која проекторите ја емитувале.
- Гомон-Демени го објавуваат нивниот аматерски формат од 15 mm, Пакет Хроно.
- Објавување на првата филмска верзија на Хамлет, адаптација со француската глумица Сара Бернар како Хамлет и придружен сниман звук.
- Изработка на првиот филм за Шерлок Холмс, Збунетиот Шерлок Холмс, од страна на Американската мутоскопска и биографска компанија.
- Јованка Орлеанка станува првиот филм со значителна должина (10 минути) кој бил прикажан целосно во боја.
Значајни филмови објавени во 1900
[уреди | уреди извор]- Животот во армијата, документарен филм во режија на Роберт В. Пол за обуката на британските војници. Поголемиот дел денес е загубен. Тој беше еден од најстарите прото-играни филмови (20 кратки филмови во комбинација можеа да се сметаат за долгометражен игран филм. Првично тие биле подолги од еден час, а повеќе од два часа во комбинација со предавања и слајдови).
- Напад на Кина, во режија на Џејмс Вилијамсон.
- Како се гледа преку телескоп, во режија на Џорџ Алберт Смит. Може да биде прв пример за едитирање помеѓу средни и крупни снимки.
- Автомобилска парада, во режија на Вилијам Пали.
- Измамата на просјакот, во режија на Сесил Хепворт.
- Серпентински танц (Во лавски кафез), во режија на Алис Ги-Блаше.
- Волшебниот цртеж, во режија на Џ. Стјуарт Блектон.
- Експлозија на моторно возило, во режија на Сесил Хепворт.
- Одејќи во кревет под тешкотии, во режија на Жорж Мелјес; најверојатно го содржи првиот трик на "бесконечна облека".
- Стаклото за читање на баба, во режија на Џорџ Алберт Смит. Еден од најраните примери на едитирање помеѓу средни и крупни снимки.
- Како тој го пропушти својот воз, во режија на Жорж Мелјес.
- Чувството при трчање, во режија на Сесил Хепворт.
- Јованка Орлеанка, во режија на Жорж Мелјес.
- (Новиот) бакнеж, римејк од Едисон Студиос на нивниот популарен (и контроверзен) филм од 1896.
- Дамско здолниште на ограда, од Бамфорт & Ко.
- Дозволи ми повторно да сонувам, во режија на Џорџ Алберт Смит. Првиот обид на транзиција помеѓу 2 сцени.
- Le village de Namo - Panorama pris d'une chaise à porteurs, во режија на Габриел Вејр.
- Модерна дама од Орлеан, во режија на Макс Складановски.
- Бендот со еден човек, во режија на Жорж Мелјес. Една од најраните употреби на повеќекратни експозиции во филм (Во овој филм има 7).
- Репродукција на тепачката помеѓу Мекговерн и Диксон, во која глумат Тери Мекговерн и Џорџ Диксон.
- Грубо море, од Бамфорт & Ко.
- Збунетиот Шерлок Холмс, во режија на Артур Марвин.
- 20.000 вработени влегувајќи во Елсвик Вуркс, Њукасл-на-Тајн, од Мичел и Кенјон.
- Двајцата слепци, во режија на Жорж Мелјес.
- Solser en Hesse, во режија на М. Х. Ладе.
Родени
[уреди | уреди извор]Месец | Ден | Име | Професија | Година на смрт |
Јануари | 2 | Вилијам Хејнс |
глумец | 1973 |
Февруари | 16 | Винсент Колман | 1971 | |
Алберт Хакет | сценарист | 1995 | ||
17 | Рут Клифорд | глумица | 1998 | |
21 | Жин Обер | 1988 | ||
22 | Луис Буњел | сценарист, режисер | 1983 | |
26 | Жан Негулеско | режисер | 1993 | |
Март | 3 | Една Бест | глумица | 1974 |
Април | 5 | Спенсер Трејси | глумец | 1967 |
10 | Аге Винтер-Јоргенсен | |||
Јули | 10 | Евелин Леј | глумица | 1996 |
27 | Чарлс Видор | режисер | 1959 | |
Август | 8 | Роберт Сиодмак | 1976 | |
Октомври | 9 | Аластер Сим | глумец | |
10 | Хелен Хејз | глумица | 1993 | |
15 | Фриц Фелд | глумец | ||
Мервин Лерој | режисер | 1987 | ||
17 | Џин Артур | глумица | 1991 | |
Ноември | 5 | Натали Шафер | ||
Декември | 6 | Агнес Мурхед | 1974 | |
17 | Катина Паксину | 1973 |
Починати
[уреди | уреди извор]- 22 ноември - Артур Саливан, продуцент на мјузикли, дел од тимот Гилберт и Саливан (роден во 1842)
- 30 ноември - Оскар Вајлд, драматург чии дела инспирирале филмови (роден во 1854)
- 31 декември - Ханибал Гудвин, пензиониран министер, во 1886 ја создал филмската лента од нитрат (роден во 1822)