Прејди на содржината

3dfx Interactive

Од Википедија — слободната енциклопедија
3dfx Interactive
ВидАкционерско друштво
Дејностполупроводници и графички картички
Основано1994
ОсновачиРос Смит, Скот Селерс, Гери Тароли
СудбинаБанкрот
НаследникNvidia Уреди на Википодатоците
СедиштеСан Хосе, Калифорнија
ПроизводиVoodoo графичка серија

3dfx Interactive (се чита: 3ДФИКС Интерактив) — поранешна американска компанија со седиште во Сан Хосе, Калифорнија. Компанијата развиваше и произведуваше 3Д графички акцелератори (забрзувачи), подоцна графички картички во втората половина на деведесеттите години од минатиот век.

Првиот производ, Voodoo1 (кодно име: SST-1) овозможува 3Д забрзување, но без 2Д поддршка. За да се приклучи картичката потребна е дополнителна 2Д картичка. Компанијата банкротираше на 15 декември 2000 година, а најголемиот дел од интелектуалната сопственост го стекна НВИДИА.

Историја

[уреди | уреди извор]

Основана во 1994 година, 3ДФИКС Интерактив започнува со развивање на 3Д акцелератори за Аркадни игри; меѓу другите компанијата развиваше и хардвер за игрите на Атари.

Потоа компанијата се ориентираше кон пазарот на лични сметачи од 1995 го комерцијализираше Џама играчкиот контролер (англиски: JAMMA Game-Control-Interface GCI), адаптер за PCI кој овозможува комуниција на џоистик од една играчка конзола (RS-232 компатибилен) со личен сметач.

Од 6 Ноември 1995 на Комдекс[1] во Лас Вегас името 3Dfx започнува да предизвикува голем интерес со претставувањето на нивниот прв 3Д чипсет за лични сметачи, Voodoo1.

Voodoo 1 PCI 3Д акцелератор

На крајот од 1996, цената на ЕДО рам меморијата значително опадна и затоа 3Dfx беше во можност да влезе во пазарот на компјутерскиот хардвер. Компанијата го пласираше својот нов производ со зна��ително пониски цени во споредба со претходните 3Д графички решенија за личните сметачи. Пред да станат 3Д акцелераторите лесно достапни до потрошувачите, игрите како Дум (видео игра од 1993, англиски: Doom) и Квејк (англиски: Quake) ги присилија своите обожаватели да ја користат тогашната нова Интел Пентиум архитектура наместо Интел 386 или 486.

Voodoo1 акцелераторот е PCI картичка која се состои од Дигитален во аналоген претворач (DAC), Процесор и Единица за мапирање на текстури (TMU), заедно со 4 мегабајти ЕДО ДРАМ меморија. Графичкиот процесор работи на 50Mhz, обезбедува само 3Д забрзување и како таков потребена му е дополнителна графичка картичка за прикажување на 2Д слика. 2Д картичката се поврзува со Voodoo1 преку Женско-машки ВГА кабел и потоа мониторот се приклучува на Voodoo картичката. Максималната поддржана резолуција е 800x600 со 16-битни бои, без геометриски пресметки. Меморијата е поделена на 2 мегабајти за текстурите и 2 мегабајти распределени за длабински бафер (англиски: Z-buffer). Поддржаните АПИ се Глајд (англиски: Glide API), подгрупа на OpenGL и DirectX.

  1. (англиски: COMDEX) беше изложба на ИТ компании што се одржуваше секоја година во Лас Вегас помеѓу 1979 и 2003.