Од Википедија — слободната енциклопедија
Битката кај Драгашани се водела помеѓу Грците и Османлиите и претставува дел од Грчката војна за независност на 19 јуни 1821 година. На чело на грчките востаници биле Александарос Ипсилантис и Николас Ипсиланти. Александрос сметал дека зад позициите на Грција ќе застане рускиот император Александар I. Сепак, тој не помогнал на востаниците и на Османлиите им било дадено зелено светло за задушување на бунтот.
Османлиите на крајот од битката излегле како победници.[1] И покрај неуспехот на револуцијата во Дунавските провинции, сепак востанието помогнало за започнување на поорганизирана војна против Османлиското Царство на Пелопонез и воведување во втората фаза од грчката револуција.[2]
- ↑ Miller, p. 68.
- ↑ Goldstein, p. 20.