Генерален пласман на Вуелта а Еспања
![]() Црвена маичка | |
Детали за наградата | |
---|---|
Спорт | Друмски велосипедизам |
Натпреварување | Вуелта а Еспања |
Доделена за | најмало вкупно време |
Локално име | Maillot rojo |
Историја | |
Прва награда | 1935 |
Прв победник | ![]() |
Најмногу победи | ![]() ![]() ![]() (3 победи) |
Најнов победник | ![]() |
![](http://178.128.105.246/host-http-upload.wikimedia.org/wikipedia/commons/thumb/f/fe/Toni_ROMINGER.jpg/250px-Toni_ROMINGER.jpg)
Генерален пласман на Вуелта а Еспања — првостепен и главен пласман за одредување на победникот на велосипедската трка Вуелта а Еспања. Вуелта а Еспања е годишна друмска велосипедска трка, која била основана во 1935 година од шпанскиот весник Informaciones, а денес претставува една од трите големи трки во велосипедизмот, заедно со Тур де Франс и Џиро д’Италија.[1] Трката е поделена на дневни етапи. Поединечните завршни времиња за секоја етапа се собираат со цел да се одреди крајниот победник во генералниот пласман на крајот на трката. Возачот со најниско вкупно време на крајот на секој ден ја носи водечката маичка; од 2010 година се користи црвена маичка, а претходно била златна.[2]
Тони Ромингер, Роберто Ерас и Алберто Контадор имаат најмногу победи на Вуелта, со по три победи секој. Трите последователни победи на Ромингер се исто така рекорд.[3] Шпанските велосипедисти имаат освоени најмногу изданија на Вуелта; 23 велосипедисти имаат освоено 30 изданија на трката. Француските велосипедисти се втори со девет победи, а белгиските возачи се трети со седум победи.[4] Моменталниот првак е Сајмон Јејтс од екипата Мичелтон-Скот, кој ја освоил Вуелта а Еспања 2018.
Историја[уреди | уреди извор]
![](http://178.128.105.246/host-http-upload.wikimedia.org/wikipedia/commons/thumb/7/7a/Contador2.jpg/170px-Contador2.jpg)
Вуелта а Еспања била основана во 1935 година од весникот Informaciones по сличниот успех на Тур де Франс и Џиро д’Италија, кои исто така основани од весници.[4] Првата трка била освоена од Густаф Делор, кој повторно победил следната година.[5] Вуелта била суспендирана на четири години од 1937 до 1940 година поради Шпанската граѓанска војна. Првата трка по граѓанската војна во 1941 година била освоена од Хулијан Берендеро, кој исто така победил следната година. Вуелта била суспендирана помеѓу 1943 и 1944 година поради Втората светска војна. Делио Родригес ја освоил првата Вуелта по војната, шпанските возали освоиле уште две изданија на трката во 1946 и 1948 година. Вуелта не се одржала во 1949 година. Емилио Родригес бил првиот победник во 1950 година, пред Вуелта да биде прекината од 1951 до 1954 година, бидејќи шпанската изолација во текот на режимот на Франко довела до незначителен меѓународен интерес за трката.[4]
Жан Дото ја освоил првата Вуелта по четиригодишниот прекин во 1955 година.[6] Анџело Контерно бил победникот наредната година со разлика од 13 секунди пред Хесус Лороњо.[7] Лороњо бил победоносен во 1957 година со отсуство на Контерно.[8] Руди Алтиг станал првиот Германец да победи на Вуелта во 1962 година. Французинот Жак Анкетил победил во 1963 година, со што станал првиот велосипедист кој победил на сите три големи трки.[9] Белгискиот велосипедист Еди Меркс го постигнал достигнувањето на Анкетил победувајќи на сите три големи трки, кога победил на Вуелта во 1973 година.[10] Следната година Хосе Мануел Фуенте победил на Вуелта со 11 секунди.[11]
Бернар Ино победил на Вуелта во 1978 година; истата година го освоил и Тур де Франс. Вторпат победил во 1983 година.[12] Следната година Ерик Кариту победил на Вуелта со најмалата разлика некогаш, победил со само шест секунди пред Алберто Фернандес.[5] Педро Делгадо победил на Вуелта во 1985 година. Колумбиецот Луис Ерера станал првиот неевропски победник на Вуелта во 1987 година.[4] Шон Кели бил победоносен во 1988 година,[5] а следната година Делгаго по вторпат ја освоил Вуелта.[13]
Швајцарските возачи преовладувале во 1990-тите; Тони Ромингер освоил рекордни три изданија на Вуелта по ред од 1992 до 1994 година.[4] Лорен Жалабер бил победоносен во 1995 година, исто така ги освоил бодовниот и планинскиот пласман, станувајќи само трет велосипедист кој ги освоил сите три пласмани на некој Гранд Тур.[5] Алекс Циле освоил две изданија на Вуелта во 1996 и 1997 година.[14] Германецот Јан Улрих бил победник во 1999 година.[15] Роберто Ерас ја освоил својата прва Вуелта во 2000 година; освоил уште две изданија во 2003 и 2004 година.[16] Во 2005 година победил по четврти рекорден пат на Вуелта, меѓутоа подоцна му била одземена титулата по позитивниот тест на допинг. Второпласираниот Денис Мењшов станал победник на негово место.[17]
Александар Винокуров победил во 2006 година со екипата ONCE.[18] Мењшов победил вторпат во 2007 година.[19] Алберто Контадор победил во 2008 година; победата значела дека тој е петтиот велосипедист кој ги освоил сите три големи трки.[20] Алехандро Валверде бил победник во 2009 година. Следната година Валверде не можел да ја брани титулата откако бил суспендиран две години за неговата вмешаност во допинг-скандалот Операција Пуерто.[21] Винченцо Нибали победил во 2010 година.[22] Хуан Хосе Кобо победил на Вуелта во 2011 година со разлика од тринаесет секунди.[23]
Контадор ја освоил трката по вторпат во 2012 година.[24] Американецот Крис Хорнер, станал најстар победник на некој Гранд Тур со возраст од 41 година, кога победил на Вуелта во 2013 година.[25] Алберто Контадор со својата победа, негова трета, во 2014 година го израмнил рекордот по бројот на победи на Ерас и Ромингер.[26] Фабио Ару во 2015 година, ја освоил црвената маичка од Том Димулен на претпоследната етапа благодарение на извонредната стратегија од екипата. Тактиката одиграла клучна улога во победата на Наиро Кинтана во 2016 година, кога се здружил со Контадор на петнаесеттата етапа и ја растуриле трката. Во 2017 година, по шест обиди, вклучувајќи три втори места, Фрум конечно ја освоил трката, заокружувајќи го подвигот Тур-Вуелта.
Победници[уреди | уреди извор]
† | Победникот го освоил бодовниот пласман истата година. |
* | Победникот го освоил планинскиот пласман истата година. |
# | Победникот го освоил комбинираниот пласман истата година. |
‡ | Победникот ги освоил бодовниот и планинскиот пласман истата година. |
& | Победникот ги освоил бодовниот и комбинираниот пласман истата година. |
- Колоната „година“ се однесува на годината во која трката се одржала, а соодветните внатрешни врски водат со статиите за тоа издание на трката.
- Колоната „растојание“ се однесува на поминатото растојание таа година.
- Колоната „разлика“ се однесува на разликата на време или бодови со која победникот го поразил второпласираниот.
- Колоната „етапни победи“ се однесува на бројот на победи кој победникот ги остварил во трката.
Година | Држава | Велосипедист | Спонзор/Екипа | Растојание | Време | Разлика | Етапни победи |
---|---|---|---|---|---|---|---|
1935 | ![]() |
Густаф Делор | — | 3.245 км | 120ч 00' 07" | + 13' 28" | 3 |
1936 | ![]() |
Густаф Делор | — | 4.364 км | 150ч 07' 54" | + 11' 39" | 3 |
1937 | — | немало трка | — | — | — | — | — |
1938 | — | немало трка | — | — | — | — | — |
1939 | — | немало трка | — | — | — | — | — |
1940 | — | немало трка | — | �� | — | — | — |
1941 | ![]() |
Хулијан Берендеро | — | 4.406 км | 168ч 45' 26" | + 1' 07" | 2 |
1942 | ![]() |
Хулијан Берендеро* | — | 3.688 км | 134ч 05' 09" | + 8' 38" | 2 |
1943 | — | немало трка | — | — | — | — | — |
1944 | — | немало трка | — | — | — | — | — |
1945 | ![]() |
Делио Родригес | — | 3.803 км | 135ч 43' 55" | + 30' 08" | 6 |
1946 | ![]() |
Далмасио Лангарика | — | 3.836 км | 137ч 10' 38" | + 17' 32" | 6 |
1947 | ![]() |
Едвард ван Дајк | — | 3.893 км | 132ч 27' 00" | + 2' 14" | 2 |
1948 | ![]() |
Бернардо Руиз | Удсанс-Портаминас Алас Колор | 3.390 км | 155ч 06' 30" | + 9' 07" | 3 |
1949 | — | немало трка | — | — | — | — | — |
1950 | ![]() |
Емилио Родригес* | — | 3.932 км | 134ч 49' 19" | + 15' 30" | 5 |
1951 | — | немало трка | — | — | — | — | — |
1952 | — | немало трка | — | — | — | — | — |
1953 | — | немало трка | — | — | — | — | — |
1954 | — | немало трка | — | — | — | — | — |
1955 | ![]() |
Жан Дото | Франција | 2.740 км | 81ч 04' 02" | + 3' 06" | 0 |
1956 | ![]() |
Анџело Контерно | Италија | 3.531 км | 105ч 37' 52" | + 13" | 1 |
1957 | ![]() |
Хесус Лороњо | Шпанија | 2.967 км | 84ч 44' 06" | + 8' 11" | 1 |
1958 | ![]() |
Жан Стаблински | Франција | 3.241,8 км | 94ч 54' 21" | + 2' 51" | 1 |
1959 | ![]() |
Антонио Суарез | Ликор 43 | 3.048 км | 84ч 36' 20" | + 1' 06" | 2 |
1960 | ![]() |
Франс де Мулдер | Груне Леув | 3.567 км | 103ч 05' 57" | + 15' 21" | 4 |
1961 | ![]() |
Анхелино Солер | Фаема | 2.856,5 км | 77ч 36' 17" | + 51" | 1 |
1962 | ![]() |
Руди Алтиг† | Сен Рафаел-Хелиет | 2.813 км | 78ч 35' 27" | + 7' 14" | 3 |
1963 | ![]() |
Жак Анкетил | Сен Рафаел | 2.442 км | 64ч 46' 20" | + 3' 06" | 1 |
1964 | ![]() |
Рајмон Пулидор | Мерсие-БП | 2.860 км | 78ч 23' 35" | + 33" | 1 |
1965 | ![]() |
Ролф Волфсхол | Мерсие-БП | 3.410 км | 92ч 36' 03" | + 6' 36" | 0 |
1966 | ![]() |
Франсиско Габика | Кас | 2.949,5 км | 78ч 53' 55" | + 39" | 1 |
1967 | ![]() |
Јан Јансен† | Пелфорт-Соваж | 2.941 км | 76ч 38' 04" | + 1' 43" | 1 |
1968 | ![]() |
Феличе Џимонди | Салварани | 3.014 км | 78ч 29' 00" | + 2' 15" | 1 |
1969 | ![]() |
Роже Пинжон | Пежо | 2.921,4 км | 73ч 18' 45" | + 1' 54" | 2 |
1970 | ![]() |
Луис Окања | Бик | 3.568 км | 89ч 57' 12" | + 1' 18" | 2 |
1971 | ![]() |
Фердинанд Браке | Пежо-БП | 2.892 км | 73ч 50' 05" | + 59" | 0 |
1972 | ![]() |
Хосе Мануел Фуенте# | Кас | 3.086,6 км | 84ч 34' 14" | + 6' 34" | 1 |
1973 | ![]() |
Еди Меркс& | Молтени | 3.080,9 км | 84ч 40' 50" | + 3' 46" | 6 |
1974 | ![]() |
Хосе Мануел Фуенте | Кас | 2.991 км | 84ч 48' 18" | + 11" | 2 |
1975 | ![]() |
Агустин Тамамес | Супер-Сер | 3.104,4 км | 88ч 00' 56" | + 14" | 5 |
1976 | ![]() |
Хосе Песародона | Кас | 3.341 км | 93ч 19' 10" | + 1' 03" | 0 |
1977 | ![]() |
Фреди Мертенс | Фландира-Латина | 2.785,5 км | 78ч 54' 36" | + 2' 51" | 13 |
1978 | ![]() |
Бернар Ино | Рено-Житан | 2.990 км | 85ч 24' 14" | + 3' 02" | 5 |
1979 | ![]() |
Јоп Зутемелк | Мико-Мерсие | 3.165,5 км | 94ч 57' 03" | + 2' 43" | 2 |
1980 | ![]() |
Фаустино Руперез | Зор-Вереко | 3.226 км | 88ч 23' 21" | + 2' 15" | 2 |
1981 | ![]() |
Џовани Батаљин | Инокспран | 3.531,3 км | 98ч 04' 49" | + 2' 09" | 1 |
1982 | ![]() |
Марино Лехарета | Тека | 3.423 км | 95ч 47' 23" | + 18" | 1 |
1983 | ![]() |
Бернар Ино | Рено-Елф-Житан | 3.399 км | 94ч 28' 26" | + 1' 12" | 2 |
1984 | ![]() |
Ерик Кариту | Скил-Рејдел | 3.361,6 км | 90ч 08' 03" | + 6" | 1 |
1985 | ![]() |
Педро Делгадо | МГ-Орбеа | 3.467,6 км | 95ч 58' 00" | + 36" | 1 |
1986 | ![]() |
Алваро Пино | Зор-БХ | 3.675 км | 98ч 16' 04" | + 1' 06" | 1 |
1987 | ![]() |
Луис Ерера* | Кафе де Колумбија | 3.921,4 км | 105ч 34' 25" | + 1' 04" | 1 |
1988 | ![]() |
Шон Кели† | Кас | 3.428,4 км | 89ч 19' 23" | + 1' 27" | 2 |
1989 | ![]() |
Педро Делгадо | Рејнолдс | 3.656,6 км | 93ч 01' 17" | + 35" | 2 |
1990 | ![]() |
Марко Џованети | Сер | 3.711 км | 94ч 36' 00" | + 1' 28" | 0 |
1991 | ![]() |
Мелсиор Маури | ONCE | 3.213,2 км | 82ч 48' 07" | + 2' 52" | 3 |
1992 | ![]() |
Тони Ромингер | КЛАС-Кахастур | 3.558,1 км | 96ч 14' 50" | + 1' 04" | 1 |
1993 | ![]() |
Тони Ромингер‡ | КЛАС-Кахастур | 3.585,5 км | 96ч 07' 03" | + 29" | 3 |
1994 | ![]() |
Тони Ромингер | Мапеи-Клас | 3.531,1 км | 92ч 07' 48" | + 7' 28" | 6 |
1995 | ![]() |
Лорен Жалабер‡ | ONCE | 3.637,6 км | 95ч 30' 33" | + 4' 22" | 5 |
1996 | ![]() |
Алекс Циле | ONCE | 3.947 км | 97ч 31' 46" | + 6' 23" | 1 |
1997 | ![]() |
Алекс Циле | ONCE | 3.759,2 км | 91ч 15' 55" | + 5' 07" | 1 |
1998 | ![]() |
Абраам Олано | Банесто | 3.781 км | 93ч 44' 08" | + 1' 23" | 1 |
1999 | ![]() |
Јан Улрих | Тим Дојче Телеком | 3.548,7 км | 89ч 52' 03" | + 4' 15" | 2 |
2000 | ![]() |
Роберто Ерас† | Келме-Коста Бланка | 2.894 км | 70ч 26' 14" | + 2' 33" | 2 |
2001 | ![]() |
Анхел Касеро | Фестина | 3.012,2 км | 70ч 49' 05" | + 47" | 0 |
2002 | ![]() |
Аитор Гонсалес | Келме-Коста Бланка | 3.128,7 км | 75ч 13' 52" | + 2' 14" | 3 |
2003 | ![]() |
Роберто Ерас | У.С. Постал Сервис | 2.958,3 км | 69ч 31' 52" | + 28" | 1 |
2004 | ![]() |
Роберто Ерас# | Либерти Сегурос | 2.894 км | 77ч 42' 46" | + 2' 13" | 1 |
2005 | ![]() |
Денис Мењшов#[A] | Рабобанк | 3.356 км | 82ч 27' 31" | + 18" | 2 |
2006 | ![]() |
Александар Винокуров# | Астана | 3.202,1 км | 81ч 23' 07" | + 1' 12" | 3 |
2007 | ![]() |
Денис Мењшов# | Рабобанк | 3.291,3 км | 80ч 59' 07" | + 3' 31" | 1 |
2008 | ![]() |
Алберто Контадор# | Астана | 3.142,5 км | 80ч 40' 08" | + 46" | 2 |
2009 | ![]() |
Алехандро Валверде# | Кес д’Епарњ | 3.293,6 км | 87ч 22' 37" | + 55" | 0 |
2010 | ![]() |
Винченцо Нибали# | Ликвигас-Доимо | 3.333,8 км | 87ч 18' 33" | + 3' 02" | 0 |
2011 | ![]() |
Хуан Хосе Кобо# | Геокс-ТМЦ | 3.300 км | 84ч 59' 31" | + 13" | 1 |
2012 | ![]() |
Алберто Контадор | Тим Саксо Банк-Тинкоф Банк | 3.360,2 км | 84ч 59' 49" | +1' 16" | 1 |
2013 | ![]() |
Крис Хорнер# | РадиоШек-Леопард | 3.358,9 км | 84ч 36' 04" | + 37" | 1 |
2014 | ![]() |
Алберто Контадор# | Тинкоф-Саксо | 3.181,5 км | 81ч 25' 05" | +1' 10" | 2 |
2015 | ![]() |
Фабио Ару | Астана | 3.358,1 км | 85ч 36' 13" | +57" | 0 |
2016 | ![]() |
Наиро Кинтана# | Мовистар Тим | 3.315,4 км | 83ч 31' 28" | + 1' 23" | 1 |
2017 | ![]() |
Крис Фрум& | Тим Скај | 3.324,1 км | 82ч 30' 02" | + 2' 15" | 2 |
2018 | ![]() |
Сајмон Јејтс& | Мичелтон-Скот | 3.271,4 км | 82ч 05' 58" | + 1' 46" | 1 |
Повеќекратни победници[уреди | уреди извор]
Велосипедист | Вкупно | Години |
---|---|---|
![]() |
3 | 1992, 1993, 1994 |
![]() |
3 | 2000, 2003, 2004 |
![]() |
3 | 2008, 2012, 2014 |
![]() |
2 | 1935, 1936 |
![]() |
2 | 1941, 1942 |
![]() |
2 | 1972, 1974 |
![]() |
2 | 1978, 1983 |
![]() |
2 | 1985, 1989 |
![]() |
2 | 1996, 1997 |
![]() |
2 | 2005, 2007 |
По националност[уреди | уреди извор]
Националност | Број на велосипедисти | Број на победи |
---|---|---|
![]() |
24 | 32 |
![]() |
8 | 9 |
![]() |
6 | 7 |
![]() |
6 | 6 |
![]() |
3 | 3 |
![]() |
2 | 5 |
![]() |
2 | 2 |
![]() |
2 | 2 |
![]() |
2 | 2 |
![]() |
1 | 1 |
![]() |
1 | 1 |
![]() |
1 | 1 |
![]() |
1 | 1 |
Белешки[уреди | уреди извор]
A. ^ Роберто Ерас бил победник на церемонијата во Мадрид на последниот ден на Вуелта а Еспања 2005, но подоцна се покажал позитивен на тестирањето за средства за подобрување на резултатите во текот на етапата 20 на трката. Шпанската велосипедска федерација го пронашла виновен за користење еритропоетин во текот на трката и му ја одзела титулата, доделувајќи ја подоцна на Денис Мењшов.[17]
Наводи[уреди | уреди извор]
Општи
- „Достигнувања“. Вуелта а Еспања (шпански). Unipublic. Посетено на 10 септември 2010.
- „По години“. Вуелта а Еспања (шпански). Unipublic. Посетено на 13 април 2011.
Библиографија
- Хауард, Пол (2011). Sex, Lies and Handlebar Tape. Random House. ISBN 1845969618.
Поединечни
- ↑ „Најчесто поставувани прашања“. Меѓународен велосипедистички сојуз. Посетено на 17 август 2009.
- ↑ Тајлер, Ричард (16 септември 2009). „Вуелта ќе започне во Севиља за 2010“. Cycling News. Future Publishing Limited. Посетено на 2 мај 2011.
- ↑ „Вуелта а Еспања 2010: преглед на 65. трка“. The Daily Telegraph. 25 август 2010. Посетено на 13 септември 2010.
- ↑ 4,0 4,1 4,2 4,3 4,4 „Вуелта а Еспања“. Cycling News. Future Publishing Limited. 8 септември 2008. Посетено на 20 септември 2010.
- ↑ 5,0 5,1 5,2 5,3 „Вуелта а Еспања А-Н“. Cycling News. Future Publishing Limited. 7 септември 2008. Посетено на 20 септември 2010.
- ↑ „Година 1955“. Вуелта а Еспања (шпански). Unipublic. Посетено на 22 септември 2010.
- ↑ „Година 1956“. Вуелта а Еспања (шпански). Unipublic. Посетено на 22 септември 2010.
- ↑ „Година 1957“. Вуелта а Еспања (шпански). Unipublic. Посетено на 22 септември 2010.
- ↑ Howard (2011). стр. 13. Отсутно или празно
|title=
(help) - ↑ „Еди Меркс“. Sports Reference. Архивирано од изворникот на 2009-04-15. Посетено на 21 септември 2010.
- ↑ „Година 1974“. Вуелта а Еспања (шпански). Unipublic. Посетено на 21 септември 2010.
- ↑ „Бернар Ино“ (француски). Memoire du cyclisme. Архивирано од изворникот на 2003-10-04. Посетено на 21 септември 2010.
- ↑ „Педро Делгадо“ (француски). Memoire du cyclisme. Архивирано од изворникот на 2003-10-04. Посетено на 1 мај 2011.
- ↑ „Алекс ЦИле“ (француски). Memoire du cyclisme. Архивирано од изворникот на 2005-01-17. Посетено на 20 септември 2010.
- ↑ „Јан Улрих“ (француски). Memoire du cyclisme. Архивирано од изворникот на 2007-09-30. Посетено на 20 септември 2010.
- ↑ „Ерас победи третпат на Вуелта“. BBC Sport. 26 септември 2004. Посетено на 20 септември 2010.
- ↑ 17,0 17,1 „Ерас заработи двегодишна забрана“. BBC Sport. 9 февруари 2005. Посетено на 19 септември 2010.
- ↑ Фотерингтон, Вилијам (25 јули 2007). „How Vinokourov was blooded into the Tour of infamy“. The Guardian. Посетено на 19 септември 2010.
- ↑ „Мењшов цели на Тур наместо на одбрана на Вуелта“. Reuters. 19 февруари 2008. Посетено на 19 септември 2010.
- ↑ Бирни, Лајонел (21 септември 2008). „Контадор најбрз да го заокружи сетот на Гранд Тур“. Cycling Weekly. Архивирано од изворникот на 2008-10-24. Посетено на 19 септември 2010.
- ↑ „Алехандро Валверде доби двегодишна глобална забрана“. BBC Sport. 31 мај 2010. Посетено на 19 септември 2010.
- ↑ „Марк Кевендиш го освои историскиот спринтерски пласман на Вуелта а Еспања“. BBC Sport. 19 септември 2010. Посетено на 19 септември 2010.
- ↑ Лес Кларк (11 септември 2011). „Саган ја украде последната етапа од правите спринтери“. Cycling News. Future Publishing Limited. Посетено на 19 септември 2011.
- ↑ „Алберто Контадор победи по вторпат на Вуелта“. BBC Sport. 9 септември 2012. Посетено на 19 септември 2012.
- ↑ Грешка во наводот: Погрешна ознака
<ref>
; нема зададено текст за наводите по имеHorner
. - ↑ „Vuelta a Espana:Alberto Contador beat Chris Froome“. BBC Sport. 14 септември 2014. Посетено на 31 мај 2014.
|