Од Википедија — слободната енциклопедија
Општина Шемпетер-Вртојба (словенечки: Občina Šempeter - Vrtojba; италијански: Comune di San Pietro-Vertoiba) — општина во западна Словенија, сместена крај границата со Италија. Седиште на општината е населбата Шемпетер кај Горица. Областа е дел од историскиот регион Приморска. Денес е дел од Горичкиот статистички регион. Во 2020 г. населението броело 6.292 жители.
Покрај општинското седиште Шемпетер кај Горица, општината ги опфаќа и следните населени места:
Порано обете населени места биле предградија на градот Горица. Во 1947 г. влегле во состав на Југославија, а Горица останала во Италија. Оттогаш местата одделно се развиваат. Денес општината образува една непрекината урбана целина со соседните градови Нова Горица (во Словенија) и Горица (во Италија).[2] Од мај 2011 г. овие три општини се здружени во прекугранична метрополитенска област, управувана од заеднички орган.[3]
Соседни места на Општина Шемпетер-Вртојба |
---|
| |
|