Градот за првпат е споменат со името Ασπάλαθος/Σπάλατος на грчки, а следните имиња со кои се споменува се Spalatum на латински, Spalato на италијански и други.
Иако почетоците на Сплит се поврзуваат со изградбата на Диоклецијановата палата во 305 година, градот бил основан неколку векови претходно како грчка колонија под името Аспалатос или Спалатос. Бил колонија на полисотИса, денешниот град Вис, кој и самиот бил колонија на сицилискиот град Сиракуза. [1] Точната година на основањето на градот не е позната, но се проценува дека тоа се случило во 3-ти или 2-ри век п.н.е.[2]
Грчката населба живеела од трговијата со соседните илирски племиња, од кои најмногу со Далматите.[1]
Градот е најголем град во Далмација и втор по големина во Хрватска и има 188.694 жители според пописот од 2001 година.
Апсолутното мнозинство се Хрвати со 95,15%, додека пак останатите се претежно Бошњаци, Црногорци, Словенци и Срби.