Хелијади
Изглед
![](http://178.128.105.246/host-http-upload.wikimedia.org/wikipedia/commons/thumb/c/cb/Santi_di_Tito_001.jpg/200px-Santi_di_Tito_001.jpg)
Хелијади (грчки: Heliades, латински: Heliades) се ќерки на богот сонце Хелиј и океанидата Климена.[1]
Митологија
[уреди | уреди извор]Кога богот Зевс го соборил со молња Фаетон, нивниот брат кој ја возел златната таткова кола по небесниот свод, поради загубата на братот, Фаетоновите сестри Хелијади се претвориле во тополи, а од нивните солзи, кои паѓале во ладната вода во реката Еридан, крај чиј брег четири месеци го оплакувале братот, настанал килибар.
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Замаровски 1985, стр. 132.
Литература
[уреди | уреди извор]- Замаровски, Војтех (1985). Јунаци античких митова: Лексикон грчке и римске митологије. Загреб.